Семејство на самохрана мајка и дете со посебни потреби од Кратово денеска прими донација од општинската организација на Форумот на жени на Социјалистичката партија на Македонија. Работно компјутерско биро и мебел од сунѓер ќе го красат домот на ова семејство, а за малиот ученик имаше и посебно пакетче со школски прибор и облека. Донација беше доделена и на кратовец кој живее во социјален ризик.
Инаку, ова не е прва донација на СПМ. Во минатите неколку месеци Форумот на жени организираше неколку хуманитарни акции во кои десеттина семејства од Кратово добија мебел, покуќнина, облека и пари.
ФОТОГАЛЕРИЈА https://www.facebook.com/media/set/?set=a.10152818626823957.1073741862.155289693956&;type=3&uploaded=10

