Симнато и запалено бугарското знаме во Кратово

Недела, 17 Април 2016 12:07 Оливер Арсовски 2 Коментари
Печати

altНа 16.04.2016 година околу 22.50 часот во ПС-Кратово, Т.И.(41) од Кратово  Претседател на канцеларија на Здружение на граѓани на Македонско-Бугарско пријателство, пријавил дека истиот ден во времето од 15,00 до 22,40 часот пред канцеларијата која е сместена на ул.„Питу Гули“ и каде биле поставени три знамиња (на Р.Македонија, Р.Бугарија и ЕУ), од страна на непознат сторител, знамето на Р.Бугарија било симнато, а потоа делумно запалено, по што истиот го зел знамето и го однел на „Грофчански мост“од каде го фрлил во река. МВР преземаа мерки за расчистување на настанот.

Сподели