Собирна акција на плоштадот во Кратово за Драган Китановски

Петок, 09 Јануари 2015 19:28 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

altУнијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и Црвениот Крст во текот на утрешниот ден (сабота, 10 јануари) ќе организираат хуманитарна акција за собирање на парични средства за 24-годишниот кратовчанец Драган Китановски, кој пред 34 дена тешко настрада во сообраќајна несреќа и се уште не се разбудил од кома. На плоштадот во Кратово почнувајќи од 9 часот па во текот на целиот ден ќе биде поставен собирен пункт на кој хуманите граѓани ќе можат да донираат средства за нашиот сограѓанин. За будење од кома и нормализирање на состојбата на Драган потребна е скапа терапија од странство.
Да му помогнеме на Драган повторно да ја почувствува убавината на животот.

ЖИРО СМЕТКА
320500001636856

во ЦК Банка на име Денко Китановски

Сподели