Собранието го изгласа законот за заштита на старото градско јадро на Кратово

Четврток, 09 Октомври 2014 15:41 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

alt

Собранието на Република Македонија во четврток го донесе Законот за прогласување на Старото градско јадро на Кратово за културно наследство од особено значење, на предлог на Министерството за култура. 

Станува збор за правна рамка со која ќе обезбеди постабилен и поодржлив континуитет во зачувувањето, проучувањето и ревитализацијата на македонското културно наследство, објаснуваат од Министерството. 

Со донесувањето на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Кратово за културно наследство од особено значење ќе се се уредат клучните прашања во поглед на заштитата на оваа споменична целина, како што се идентификацијата на заштитеното добро, називот, категоријата, границите и контактната зона, режимот на заштита и управувањето на доброто. 

Градот Кратово со своите историски, архитектонски, урбанистички, градителските, уметнички, етнолошки и социолошки карактеристики и вредности што ги поседува, е еден од најзначајните споменици на културата на Република Македонија, се вели во соопштението.

Инаку ова е четврти Закон со кој една споменична целина во Република Македонија добива највисок степен на заштита. Во изминатиот период со посебни закони, беа заштитени Старата скопска чаршија, градот Охрид и градот Крушево, а во фаза на изработка е и предлогот законот за прогласување на Старото градско јадро на Битола за културно наследство од особено значење.

Сподели