По повод 19 ноември, денот на конечното ослободување на Македонија во Втората светска војна, а во очи на 29 ноември, денот на Второто заседание на АВНОЈ и прогласување на федералното уредување на Југославија, во Музејот на Кратово се одржа историски час од страна на историчарот Миле Марковски. Претседателот на Општинската организација на Сојузот на борци, пред поголем број слушатели говореше за големата жртва на македонскиот народ и војници во втората светска војна, со цел ослободување на Македонија од окупаторските сили, како и за придонесот на Јосип Броз - Тито во воспоставувањето на државноста на Република Македонија.
На трибината учествуваа поголем број граѓани, градоначалникот Мите Андоновски, директори на локални институции и ученици од гимназијата „Митко Пенџуклиски“.
фотогалерија на следен линк http://www.facebook.com/media/set/?set=a.10154418224493957.1073741945.155289693956

