
Првиот уписен рок за ученици во средните училишта заврши. Училиштето „Митко Пенџуклиски“ од Кратово запиша вкупно 70 ученици од вкупно 80 полуматуранти во кратовската општина. Од нив 50 се запишаа во гимназиско образование, 17 во угостителско-туристичката струка (рурален туризам), а само 3 во хемиско-технолошката струка (прехранбен техничар).
Вториот рок за запишување е во август, со едно пријавување – на 21 август. Училиштата кои и по двата уписни рока нема да ги пополнат слободните места, ќе може да запишуваат ученици до 29 август.
