Советот донесе одлука Кратово да стане „град на карпестата уметност“

Понеделник, 16 Декември 2019 17:45 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Советот на општина Кратово донесе едногласна Одлука градот Кратово да постане прв град на Балканот, град на карпестата уметност, а тоа резултира со отворање постојана поставка во чест на Французинот Етјен Пат (Etienne Pate) кој за време на Првата светска војна како војник на француската армија, ги открива првите траги на карпеста уметност во Гевгелија Битола. За оваа одлука на Советот најзаслужен е кратовскиот научник проф. д-р Душко Алексовски, кој долги години ја проучува карпестата уметност и се бори од петни жили да го постави Кратово на светската туристичка мапа.
-Тоа е нова коцка во мозаикот што се создава под името „Кратово - туристичка метропола“, бидејќи она што градот Кратово го поседува на туристички план, ретко кој друг град во светот го поседува: палеолитски пештерски живеалишта, палеолитски гравирани цртежи, уникатна сликана карпеста уметност единствена во светот за кое нешто поседуваме и атест, препознатлив по своите импозантни кули и мостови, бројни свети места, еден црковен објект од типот на ротондите, најголема топилница на злато од римскиот период во месноста Жгури, камените кукли, уникатниот локалитет Цоцев Камен, признат од експерти кои докторирале на француска Сорбона, Пол Вердје и Бруно Ансел. Наскоро очекуваме да дојдеме до нови откритија кои ќе го возбудат светот - вели професор Душко Алексовски.

Фотографија на Aleksovski Dusko.
Сподели