Средношколките Марија Петрова и Бојана Тоневска се закитија со одличја

Понеделник, 11 Мај 2015 17:32 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

altУченичките Марија Петрова и Бојана Тоневска од средното училиште „Митко Пенџуклиски“ во Кратово се враќаат со одлични резултати од натпреварите на кои земаа учество викендов. Марија Петрова освои прво место во екипна конкуренција на интернационалната франкофонска Олимпијада која се одржа во Клуж (Романија), во конкуренција на ученици од Македонија, Романија, Ерменија, Бугарија, Албанија и Молдавија. Во поединечна конкуренција го освои осмото место, што се смета за извонреден успех за младата кратовчанка, но и за училиштето од кое потекнува.https://fbcdn-profile-a.akamaihd.net/hprofile-ak-xpf1/v/t1.0-1/8957_915427318501901_1838638598604167981_n.jpg?oh=794e37bf9fe8b78b56243917c3a18f20&oe=55D59EB2&__gda__=1439482368_7f0b40aa009022181e61f7a1371628b2
Честитки заслужува и матурантката Бојана Тоневска, која на државниот натпревар по француски јазик во категоријата диктат освои одлично второ место, што е втор нејзин голем успех, бидејќи и лани беше вицепрвак на натпреварот организиран по предметот Француски јазик.

Сподели