Средношколски натпревар за новинарска статија, видео и фотографија

Вторник, 10 Март 2015 17:58 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Во рамки на програмата „Млади репортери за животната средина“, распишан е конкурс за избор на најдобра новинарска статија, фотографија и видео. Се покануваат сите ученици од СОУ „Митко Пенџуклиски“ кои имаат новинарски афинитети, да се пријавата кај професорот Оливер Арсовски. На натпреварот може да се учествува индивидуално, но и во тим од неколку ученици. Темата која треба да се обработи е од областа на животната средина (земјоделство, енергија, отпад, вода, индустриско загадување, одговорна потрошувачка, шуми, климатски промени...). Крајниот рок за пријавување на новинарскиот продукт е 5 април 2015.
Минатата година нашето училиште се пријави со видео-прилог за опасностите по човечкото здравје од дивата депонија во кратовското село Железница. Овој натпревар е дел од активностите на Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“. Во изработката на видео-сторијата учествуваа седум ученици од новинарската секција во училиштето, кои со велосипеди ја посетија депонијата и на лице место го снимија прилогот.

alt

Сподели