Вчера, Цвета Т. (77) од кратовското село Којково била пронајдена мртва. Таа околу 17 часот била пронајдена почината во домот, а според полициските информации старицата извршила самоубиство труејќи се со пестицид. На нејзиното тело нема видливи траги на насилство, но по наредба на Истражен судија ќе биде извршена обдукција.