Стојан Миланов и Марјанчо Колевски во трка за влез во Парламентот

Недела, 30 Март 2014 07:01 Оливер Арсовски 2 Коментари
Печати

altВладеачката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ синоќа на полноќ ги објави листите со кандидати за пратеници во новиот состав на Собранието. Она што е најинтересно за граѓаните на нашата Општина е што на оваа листа се најдоа два кандидати од Кратово, со реални шанси да се најдат во собраниските клупи. Стојан Миланов од редовите на Социјалистичката партија на Македонија се најде на 10-тата позиција, додека поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Марјанчо Колевски, е 13-ти на листата. Носител на листата ќе биде актуелниот министер за образование, Никола Тодоров, а веднаш по него е бескомпромисниот борец Влатко Ѓорчев. На листата од позвучни имиња се најде и секретарот на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев, на 7-та позиција и Илија Димовски на 4-та позиција. alt
Имајќи ја предвид реалната ситуација на терен и симпатиите кај гласачите, за очекување е и Миланов и Колевски да влезат во собранискиот состав и кратовци повторно да имаат двајца пратеници како и пред неколку години, кога Иванов и Колевски беа дел од Парламентот. Имајќи предвид дека Тодоров и Димитриев по изборите веројатно ќе останат во Извршната власт, се отвара простор и Марјанчо Колевски да се најде во добитна позиција, иако во овој миг нема никого да изненади доколку владеачката коалиција освои 13 мандати во ИЕ3 во која секогаш убедливо победувала.  

ИЕ 3

1.       Никола Тодоров
2.       Владимир Ѓорчев
3.       Слаѓана Митовска
4.       Илија Димовски
5.       Никола Мицевски
6.       Магдалена Манаскова
7.       Емил Димитриев
8.       Трајчо Димков
9.       Благица Ласовска
10.   Стојан Миланов
11.     Иван Иванов
12.   Сузана Секуловска
13.   Марјанчо Колевски
14.   Ѓорѓи Коџобасиев
15.   Милка Христова
16.   Миле Пацемски
17.   Маја Стојановска
18.   Марјан Милошевски
19.   Лилјана Андоновска  Димитровска
20.   Снежана Санева

Сподели