Стојан Миланов во пензија, нов в.д. директор на „Злетовица“ е Михаил Цветков

Петок, 22 Февруари 2013 21:29 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

http://profile.ak.fbcdn.net/hprofile-ak-prn1/c80.0.480.480/s160x160/24913_108078012545274_2542701_n.jpgУправниот Одбор на Јавното Претпријатие ХС „Злетовица“ за вршител на должноста Директор на ова јавно претпријатие, со седиште во Пробиштип, го именува Михаил Цветков – роден 1954, дипломиран машински инженер од Кратово, кој од денес и го презеде управувањето во ова Јавно Претпријатие, основано од Владата на Република Македонија.
Деновиве, поради заминување во пензија, директорската функција во Злетовица ја напушти Стојан Миланов.
Функцијата ВД Директор, Михаил Цветков ќе ја извршува до завршувањето на локалните избори, кога ќе биде распишан оглас за избор на директор во ЈП ХС „Злетовица“.http://iris.mk/images/stories/2009/12/29/brana-knezevo-2.jpg

Сподели