Страшно невреме во Крилатица, однесен мост, уништени овоштарници од град

Недела, 16 Август 2020 11:52 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Невремето што синоќа го зафати Кратово и околните села направи огромни финансиски штети, за што сведочат фотографиите кои денес ги добивме од жителите на селата Крилатица и Трновац. Надојдената Крива Река го однела мостот во маалата Лазинци, а според информациите од терен отсеени се десетина куќи и фамилии со мали деца. Градот што паѓал со големина на орев комплетно го уништил родот на овоштарниците со јаболка и крушки, а огромна штета имало и во лозјата. Впрочем, сликите од терен говорат низ каква голгота минале жителите на Крилатица.
фото - Виктор Георгиевски
alt

alt

alt

Сподели