
Утринава во 5.15 часот се случи тешка сообраќајна несреќа во близина на кратовското село Страцин, во која загинаа тројца, а четворица се повредени. Во сообраќајката учествувале три возила: БМВ со бугарски регистарски таблици управувано од лице од Крива Паланка, „голф“ со косовска регистрација и „тико“ со кривопаланечки ознаки. На местото на несреќата загинале возачите на БМВ-то, голфот и на тикото, а се повредени двајца сопатници од голфот, како сопатниците од тикото. Според информациите, пред неполн час на повредите им подлегнал возачот на Тикото, 55 годишниот Драган И. од Крива Паланка. Претходно, животите ги загубија, Гаши И. (36) од Приштина кој управувал со Голфот со косовски таблички и 34 годишниот возач на БМБ-то со бугарски таблички, Далибор Н. од Крива Паланка. Повредените се пренесени во болница и се надвор од животна опасност.