
Компанијата „Тинекс“ во соработка со Општина Кратово и Општинската организација на Црвен Крст - Кратово, денеска донираше 300 балони вода во вредност од 20.000,оо денари за потребите на жителите во село Трновац - Кратово, кои беа погодени од елементарна и природна непогода настаната поради обилните дождови кои допринесоа за изместување на водоводната инфраструктура и жителите се подолг период без вода за пиење и за основни потреби.
Целта на донацијата е подмирување на основните човечки потреби со чиста вода за пиење и хигиена, заради спречување на заразните болести.
