Тригодишно дете почина во сообраќајна несреќа која се случи околу 20,30 часот на регионалниот пат Страцин - Кратово во село Туралево. Станува збор за четириесет и петгодишниот Миле С. од село Подржикоњ кај Крива Паланка, кој управувајќи со ПМВ „Мерцедес“ со бугарски регистарски таблици удрил во тригодишниот Стефан. Детенцето починало на лице место.
