Трибина „На секое дете му е потребно семејство“

Вторник, 24 Ноември 2015 16:26 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

http://kajgana.com/sites/default/files/2012/06/21/63045/70581-89351.jpgЈУ Центар за социјална работа Кратово, во рамки на Проектот „На секое дете му е потребно семејство“, организиран од Министерството за труд и социјална политика со цел зголемување на бројот на згрижувачки семејства, во соработка со локалната самоуправа при општина Кратово и Агенцијата за вработување ПЕ Кратово организира втора по ред ТРИБИНА „НА СЕКОЕ ДЕТЕ МУ Е ПОТРЕБНО СЕМЕЈСТВО“ (на ден 26.11.2015 година - четврток во 13.00 часот во општинска сала за состаноци).

Се покануваат сите заинтересирани граѓани на општина Кратово да земат активно учество во истата.

На трибината ќе биде претставени целите на проектот „На секое дете му е потребно семејство“, постапката и процедурата како се станува згрижувач, како и кои се бенефициите на згрижувачките семејства.

Сподели