Трибина за злоупотреба на дрогата, во Кратово 12 регистрирани корисници

Недела, 16 Февруари 2014 13:48 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

На иницијатива на Форумот на жени на Социјалистичката партија на Македонија и младите социјалисти од Кратово, вчера во Кратово, во хотелот Кратис, се одржа трибина за злоупотребата на дроги, особено кај младата популација. По поздравниот говор на Гордана Накова, мед.сестра Катерина Лазарова одржа едукативно предавање за дрогата „екстази“, една од поефтините, но многу опасни дроги кои се користат на маратонските „рејв“ забави. Таа укажа дека екстазите даваат лажна енергија да се игра до бесвест, по 6-7 часови непрекинато, а ефектот што таа го остава врз мозокот е катастрофален.
На трибината свое излагање имаше и полицискиот инспектор Аце Лампевски, кој имаше излагање за сите видови дроги и опасностите кои доаѓаат од нивната употреба. Според податоците на полицијата, во Кратово се регистрирани 12 наркокорисници, иако во реалноста таа бројка секогаш се множи со пет.
Гости на трибината беа потпретседателот на СПМ, Јован Лазаров, пратеничката Владанка Авировиќ, професори од кратовските училишта, од Црвениот крст, социјалните служби, ученици и граѓани на Кратово.

alt

Сподели