Трогателна приказна за животниот подвиг на кратовката Силвана од СОС детското село

Петок, 29 Јуни 2012 19:45 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Силвана е прво дете во Детското село, што стана постдипломец и сега чека вработување. На секој млад човек му треба работа, особено ако израснал без родителска грижа. Силвана, според некои записи, значи планина или гора. Името, според некои верувања, зборува за човекот што го носи. Една млада жена со altтоа име денес е вистинска гора, израсната со многу трагедии. Силвана Ивановска, една од првите деца израснати во Детското село, деновиве, е на прагот на нов животен предизвик - осамостојување.

Има 25 години, а со своите браќа пред десет години први го заживеале Детското село. По потекло е од Kратово. Рано останале без родителски дом и грижа. За среќа, добиле СОС-мајка, која им ги открила предностите и спокојот на семејниот живот.

- Не сакам да зборувам за минатото, важна е иднината. Имавме убав живот со браќата во Детското село. Израснавме во успешни луѓе. Јас и помладиот брат Kире, кој е многу успешен фудбалер, веќе сме осамостоени, но с` уште ни помагаат од Детското село. Сега кога треба да се вработиме, да се осамостиме, повторно ни треба помош - вели Силвана.

Дипломирала на факултетот за безбедност, а сега би можела да работи како детективка. Бидејќи е неуморна, деновиве е ангажирана со испитите од постдипломските студии. Поради нејзиниот труд, на една неодамнешната средба министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, ~ ветил вработување во МВР.

Силвана стрпливо чека да се оствари неговото ветување. Дотогаш СОС Детско село, со неколку пријатели, поттикнуваат кампања за вработување на децата без родителска грижа.

Сподели