Матурантите од средното општинско училиште „Митко Пенџуклиски“ од Кратово организираат новогодишен базар како дел од проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“, кој има за цел зајакнување на врската „родител - ученик - наставник“. Во пресрет на претстојните новогодишни и божиќни празнувања, базарот ќе биде богат со многу изненадувања и учениците гарантираат добра забава.
Настанот ќе се случува во просториите на СОУ „Митко Пенџуклиски“, во четврток (24 декември) со почеток во 13 часот. Средставата кои ќе се сoберат ќе бидат донирани во хуманитарни цели.
Учениците ве повикуваат на заедничка забава и дружење. Добредојдени се родителите, учениците од соседното основно училиште, грaдската младина. Овој период е вистинското време да ги израдувате своите најблиски. Вистинската среќа е во подарувањето. Богат е оној што дава, а не оној што прима. Забавувај се, подарувај и помогни.
