Украден бакарот од трасформатор на ТВ репетитори во Страцин

Недела, 20 Март 2016 15:04 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

http://zlatibor.tv/wp-content/uploads/2015/06/repetitor-tornik.jpgНепознати сторители украле бакар од трансформатор на ЕВН, наменет за напојување на репетитори на МРТВ и ТВ Сител.

На 19.03.2016 година во 19,15 часот во полициската станица Кратово, од страна на дежурниот од ЕВН-КЕЦ-Кратово, било пријавено дека истиот ден околу 18,10 часот од кол-центарот на ЕВН од Скопје, добил известување дека во атар на село Страцин на местот викано „Зна“, каде имале трансформатор за напојување на електрична енергија на главните репетитори на МРТВ и ТВ„Сител“, од страна на непознат сторител трасформаторот бил турнат на земја и од него бил изваден и одземен бакарот, при што дошло до прекин на електрична енергија.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Сподели