Општина Кратово втора година по ред успешно ја реализира програмата Општинско – корисна работа преку проектот насловен „За добросостојба на граѓаните“. Програмата „Општинско корисна работа“ се реализира од страна на општина Кратово со поддршка од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во соработка со Агенцијата за вработување на РМ и Министертството за труд и социјална политика на РМ како дел од Оперативниот план за услуги на пазарот на труд и активни програми и мерки за вработување за 2015 година на Владата на Р.Македонија. Проектот „За добростостојба на граѓаните“ Општина Кратово го реализираше во изминатите 6 месеци во соработка со партнер институциите Здравствениот Дом – Кратово и Дневен центар за лица со телесна или ментална попреченост во Кратово и секако во соработка со Центарот за социјална работа – Кратово и Центарот за вработување - Кратово. Целта на оваа програма е да овозможи социјално вклучување на невработените лица преку нивно ангажирање на определено работно време, заради стекнување на одредени вештини и постепено вклучување на пазарот на трудот.
Програмата исто така има за цел преку обезбедување на услуги од социјалната сфера да помогне на лица кои живеат на територијата на локалната самоуправа. Проектот започна на 01 Јуни 2015 година и траеше 6 (шест) месеци до 1 декември 2015 год. Во рамките на проектот се реализираа 3 Активности: Помош и посета на стари лица и лица со посебни потреби во домашни услови; Патронажна служба за помош и нега на стари лица, лица со попреченост, болни и изнемоштени лица; Зајакнување на човечките капацитети на општината во социјаланата сфера. Кои ги извршуваа шест ангажирани невработени лица и тоа: Докотор, медицинска сестра, физиотерапевт, двајца негуватели и патролен социјален работник. Во текот на проектот беа посетени и услужени 140 лица. Сметаме дека ова е еден успешен проект кој навистина е корисен и добредојден за граѓаните, и се надеваме дека во иднина ќе продолжиме да реализираме вакви и слични проекти со цел зајакнување и збогатување на социјалните услуги во општината.
