Утре (петок) авионско прскање против комарци во Кратово

Четврток, 18 Јуни 2020 14:55 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Поради неповолни временски услови и врнежи од дожд утринава, планираното прво прскање против комарци на подрачјето на општините Крива Паланка и Кратово за 2020 година е одложено за утре. Доколку временските услови бидат поволни, утре, 19 јуни, во раните утрински часови, во периодот од пет до осум часот ќе се изврши авионското прскање за заштита од комарци на подрачјето на општина Кратово и на Општина Крива Паланка.

Одговорните ги информираат сопствениците на пчелни семејства во времето на прскање и три до четири часа подоцна, да ги затворат кошниците со пчели заради можноста од влијание на средствата со кое се врши прскањето врз безбедноста на пчелите.

alt

Сподели