Утре почнува екстерното тестирање на 18.600 матуранти

Недела, 29 Јануари 2017 08:45 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Од утре, 30 јануари, до 3 февруари ќе се спроведува екстерно тестирање на матурантите. Државниот испитен центар (ДИЦ) соопшти дека ќе бидат опфатени 18.600 ученици во завршни години во средното образование. alt

Една недела пред тестирањето учениците добија информација за деновите на тестирање, а во петокот училиштата ги објавија и распоредите со предмети по кои учениците ќе бидат проверувани.

ДИЦ информираше дека прелиминарните резултати ќе бидат објавени на 7 февруари 2017.

Сподели