
Земјотрес со интензитет од 3 до 4 степени според Европската макросеизмичка скала утринава во 4 часот и 36 минути е почувствуван во источните делови од Македонија.
Како што информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот на земјотресот се наоѓа на 120 километри источно од Скопје.
