Вечерва финале на „Танц со ѕвездите“, да ги поддржиме Наташа и Даниел

Понеделник, 24 Март 2014 16:24 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Останаа уште неколку часа до големото финале на шоуто кое доживеа голема популарност во земјава. „Танц со ѕвездите“ вечерва ја има својата кулминација, а Кратово е подготвено да ја поддржи својата сограѓанка Наташа Илиевска и нејзиниот партнер Даниел Кимовски во борбата да бидат најдобра танцова двојка во земјава. Кратово имаше европски првак во карате, зошто да немаме првак и во танцување? Нашата поддршка чини само 15 денари за СМС, а Наташа тоа го заслужува поради огромната промоција на нашиот град. НАПРЕД НАТАША!!!

alt

Сподели