Вицепремиерот Ставревски го посети свлечиштето во Кратово

Сабота, 10 Мај 2014 09:17 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Во рамките на посетата на северосточниот регион, вицепремиерот во Владата, Зоран Ставревски, денес беше во Кратово. Тој на лице место се увери во каква состојба се наоѓа опасното свлечиште, кое се закануваше да урне три куќи. Ставревски поразговара со сопствениците на куќите, и притоа ги охрабри дека во најкус можен рок ќе се санира проблемот за да може безбедно да се врата во своите домови.
Вицепремиерот Ставревски најави дека набргу ќе се санираат уште 6-7 опасни свлечишта во земјава. За нив е изработен проект кој ќе биде финансиран од Светската банка.   Оливер Арсовски

alt

Сподели