ВИДЕО Храбриот којковец не дозволил крадците да побегнат, им пресудил на куќниот праг

Четврток, 28 Февруари 2013 15:23 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

КРАТОВО.  -Разбојниците што синоќа беа застрелани од старец во кратовското село Којково за малку ќе успееле да избегаат со парите од куќата на двајцата старци кои претходно ги малтерирале неколку часа.

Според полицијата, сега веќе убиениот Зоран З.(28) од село Пантелеј и Б.И.(34) од кочанско Полаки вчера околу 21,00 часот со такси возило се

alt

упатиле кон селото Којково, а на такситот му рекле дека треба да се видат со пријател. Тие се симнале од возилото и се упатиле кон куќата на Љубе М.(73) кој живеел со својата болна и неподвижна сопруга Ц.М.(73). И двајцата ставиле фантомки на главите и влегле во куќата. Веднаш го нападнале

и совладале старецот удирајќи го со тупаници по главата и телото, а потоа со јаже му ги врзале рацете и нозете. Бидејки тој одбивал да им каже каде ги чува парите тие почнале да ја пребаруваат куќата. Меѓутоа додека тие пребарувале, дедото успеал да се одврзе и да ја земе ловечката пушка. Во моментот кога сторителите  излегувале од куќата со одземените пари и други предмети, старецот распалил по нив. Покојниот Зоран З. веднаш паднал погоден од сачмите, додека Б.И. кој исто така бил погоден успеал да стигне до такси возилото кое ги чекало на оддалеченост од пет километри од куќата. Целиот облеан во крв тој влегол во возилото, а таксистот го однел право во болницата во Пробиштип. Оттука, поради сериозните повреди, веднаш бил пренесен на Ургентниот центар во Скопје. Како последици од тепањето што му го удриле разбојниците со тешки телесни повреди се здобил и старецот.

 

Сподели