ВИДЕО Министерот за земјоделство Димовски го посети кратовско

Петок, 02 Ноември 2012 18:22 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

текст и видео - Оливер Арсовски

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, ја посети општината Кратово. Притоа, оствари средба со земјоделците од селата Страцин, Трновац, Туралево и Живалево.

-Создадовме тимови кои секоја недела ќе извршуваат теренски активности во четири мали населени места. Ова е една обемна агенда која ќе трае најмалку година дена. Нашата цел е да ги посетиме сите земјоделски стопанства и сите земјоделци во земјава. Североисточниот регион, на кој припаѓа и општината Кратово, покрај Пелагонискиот и Повардарскиот регион е дефиниран како ризично подрачје најизложено на климатските промени. Во разговор со земјоделците од село Страцин, детектиравме неколку интересни проекти. Проширување на резервоарот за вода за пиење, но и за наводнување, проширување и пробивање на пат за полесен пристап до нивите, како и обезбедување на миниакумулација која по природен пат ќе ги наводнува сите околни земјоделски површини – изјави министерот Димовски.

Преку овие мерки целта е луѓето кои се иселиле од овој крај да се вратат повторно на своите родни огништа.

&;

alt

Сподели