ВИДЕО Турскиот затвор во Кратово ќе привлекува туристи

Петок, 22 Март 2013 17:15 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Доколку биде избран за градоначалник на Кратово, кандидатот на Социјалистичката партија Мите Андоновски ветува туристичка преродба на општината. За комплетна туристичка понуда Андоновски ветува санација и ревитализација на средновековните мостови и кули, како и на турскиот затвор и амам.

-Со проектот „Развој на општините низ културата“ турскиот затвор беше реновиран и ставен во една добра состојба, но не се заврши целосно неговата реконструкција. Останува во наредниот период да ги довршиме работите и овој објект да го ставиме во функција. Дали тоа ќе биде некоја винарија, или можеби угостителски или туристички објект, ќе покаже времето. Во блиска иднина сакаме Кратово да стане една од најпосетуваните туристички дестинации во источна Македонија – истакна Андоновски.

Во Кратово веќе се реновирани Симиќева и Саат-кула, а наскоро и Златкова кула ќе блесне во полн сјај.

alt

Сподели