Викендов во Кратово се одржа „Информатичка олимпијада“ (ВИДЕО)

Недела, 14 Април 2013 12:15 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Викендов нашиот град беше домаќин на поголем број ученици и нивните ментори, учесници на „Информатичката олимпијада за средношколци“ и на Државниот натпревар по информатика за основци. Натпреварувањата започнаа во петокот попладне, а свеченото отварање беше во петокот во 19.30 часот, кога во холот на средното училиште „Митко Пенџуклиски“ свечено се обратија директорот на училиштето Тони Јанев, градоначалникот на Кратово Мите Андоновски и претседателот на Здружението на информатичари на Македонија.

Убавото саботно попладне гостите го искористија за прошетка и разгледување на градот, а денес беа прогласени најдобрите ученици.

alt

Сподели