Викендов во Кратово тренинзи „Нова генерација органски фармери“

Петок, 26 Мај 2017 12:22 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Со првата дводневна обука која викендов ќе се одржи во Кратово, започнува серијата обуки за премин од традиционално кон сертифицирано органско производство на храна, во рамки на проектот „Произведувај органски-пакувај еколошки“, што здружението Граѓански центар за одржлив развој „ЕГРИ“ од Крива Паланка го имплементира со здружението „НИЕ“ од Ќустендил, Бугарија.

altПроектот се реализира со средства од ИПА Програмата на Европската унија за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Македонија.

– Обуките на тема нова генерација органски производители следува по претходно имплементираното роуд-шоу што караванот ЕГРИ-НИЕ го спроведе во неколку градови од пограничниот регион Бугарија-Македонија. Обуките ќе ги спроведат експерти од земјоделските факултет од Скопје и Софија, одговорни за сертифицирање на органски производители на храна, информира проект менаџер од ЕГРИ, Крива Паланка. Андриана Ивановска-Давитковска,

Учесници на обуките ќе бидат дваесет локални производители -земјоделци.

– Тренингот ќе го проследат по десет земјоделци од двете страни на границата кои пројавија интерес за тоа и беа селектирани од страна на проектниот тим. Тема на обуката ќе биде „Премин од традиционално кон органско производство, сертификација и маркетинг на органски продукти, додаде Ивановска-Давитковска.

Обуките ќе се спроведат во три дводневни сесии, по што ќе следи студиска посета на успешни органски фарми во регионот.

Сподели