Виктор Доневски нов извршен директор во МПМ

Четврток, 12 Јануари 2012 16:35 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

altпишува - Оливер Арсовски

Досегашниот директор за корпоративни и внатрешни комуникации во ОНЕ, кратовчанецот Виктор Доневски е новиот извршен директор на Медиа Принт Македонија. Нашиот сограѓанин последниве 7-8 години изгради блескава кариера започнувајќи како новинар, презентер и уредник на вести, првин во Сител, а подоцна и во Канал 5 телевизија. Потоа три години беше директор во телекомуникацискиот гигант Оне (Космофон), за деновиве да стане дел од бордот директори во МПМ, компанијата која ги издава најтиражните весници во земјава, ВЕСТ и ДНЕВНИК, како и Утрински весник и Теа Модерна. Досегашниот управител Срѓан Керим ќе биде претседател на новоформираниот борд директори. Од компанијата информираат дека Горан Михајловски повторно e именуван за главен и одговорен уредник на „Вест“ и останува на таа позиција и во наредните четири години, a главните уредници на „Утрински весник“, „Дневник“ и „Теа – модерна“ ќе продолжат да ја извршуваат истата функција. Нов сопственик на Медиа принт Македонија е „Орка Холдинг“, компанијата што минатата недела ја купи македонската филијала на германскиот медиумски концерн ВАЦ.

Сподели