ВМРО-ДПМНЕ вложува во спортска инфраструктура во Кратово

Петок, 20 Мај 2011 14:03 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Директорот на АМС Диме Спасов означи почеток на изградба на тениско и спортско игралиште

Во присуство на директорот на Агенцијата за млади и спорт, Диме Спасов, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Марјанчо Колевски, градоначалникот Мите Андоновски и голем број граѓани на Кратово, денес беа удрени камен-темелници на два спортски објекти. Пред голем број граѓани, свештениците од кратовските цркви ги осветија темелите на тениско игралиште на локација над градскиот базен, едно од стоте игралишта кои Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги гради низ државава. Нешто порано, во село Трновац се означи почеток на изградбата на комбинирано спортско игралиште кое во иднина би требало младите да ги насочи кон редовно спортување и дружење, наместо кон пороци. Ова повеќенаменско игралиште е дел од проектот 100 игралишта, истото ќе чини околу 5 милиони денари и ќе биде осветлено со рефлектори за да може и навечер да се спортува. Директорот на АМС и пратеникот Колевски ветија дека во следниот мандат ќе изградат и спортска сала за учениците од двете кратовски училишта, како и средства за обнова на старата спортска сала.

Сподели