Во Кратово одбележан денот на Ромите

Сабота, 08 Април 2017 12:38 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати
altВо пресрет на 8ми април, Светскиот ден на Ромите, тим од ЈУЦСР Кратово излезе на терен во делови од градот каде живее претежно ромско население кое се наоѓа во различни видови на социјален ризик. На сограѓаните им беше овозможен пристап до прашања и одговори во врска со права од социјалната заштита, поднесување претставки и други видови стручни упатувања и услуги. Воедно на многудетните ромски семејства кои се наоѓаат во социјален ризик им беа поделени пакети со половна облека.
Сподели