
Деновиве во Кратово одбележавме 70 години успешно работење на Општинската организација и пружање помош на сите кои им е потребно. Ние не застануваме тука, продолжуваме со тимот на млади и секретарот со сите сили за да чекориме заедно.Црвен Крст е меѓународна организација и е заснована на 7 принципи: хуманост, непристрасност, неутралност, независност, доброволна служба, единство, универзалност. Нејзините главни програмски активности се: здраствено-превентивна заштита, крводарителство, прва помош, социјално-хуманитарна дејност, дисеминација, подготвеност за дејствување при катастрофи, служба барање, информирање и комуникација, млади... Меѓународното движење на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојно поле. Притоа без било каква пристрасност, со јасна намера како да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е можно. Основач на Црвениот Крст е Анри Динан, швајцарски трговец. Бил сведок на последиците од Битката кај Солферино. Искуствата и сеќавањата ги запишал во книгата ,,Сеќавање на Солферино” и е инспирација за создавање на Меѓународен комитет на Црвен Крст (МКЦК) во 1863 година. Целта на движењето е да го заштити животот и здравјето и да го почитува човекот. Промовира заедничко разбирање, пријателство, соработка и траен мир меѓу сите луѓе. Ивана Павловска

