Во понеделник работилница на тема „Енергетска ефикасност“ во општинската сала

Четврток, 06 Декември 2012 10:59 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

На 10.12.2012 (понеделник) во 13 часот во салата на Совет на Општина Кратово ќе се одржи работилница на тема „Практични мерки и техники за енергетска ефикасност во институции и во домашни услови“. Проектот го имплементира Здружение „Регионален центар за одржлив развој“ – Кратово во партнерство со Општина Кратово. Работилниците ќе ги испорача „ЦеПроСАРД“ – Скопје, која што се јавува во улога на консултантска организација, а истите се спроведуваат во рамки на проектот „Енергетски ефикасна општина –успешна општина“, финансиски поддржан од Глобалниот Еколошки Фонд, Програма за мали грантови. alt

Основни цели на работилницата се:

    • Како да се намалат трошоците за електрична енергија како на товар на јавниот така и приватниот сектор така и на индивидуалните домаќинства;
    • Покренување иницијативи за реновирање на енергетски системи и згради;
    • Подобрување на санитарните услови и зголемена продуктивност;
    • Зголемување на свеста за заштеди на енергија на сите нивоа, носители на одлуки, оператори и крајни корисници;
    • Носење на нова и подобрување на постоечката документација во сверата на енергетската ефикасност;
    • Намалување на енергетската потрошувачка по единица на бруто домашниот производ во Република Македонија;
    • Промовирање на нови практики, мерки и технологии со висок степен на енергетска ефикасност;
    • Воведување и примена на локални механизми за поддршка за зголемување на енергетската ефикасност;
    • Промовирање на јавната свест за целите на енергетската ефикасност;
    • Финансиска заштеда и можности за реинвестирање на средствата;
    • Заштеда на енергија и намалување на загадувањето на животната средина;
    • Локален одржлив развој;
    • Подобрување на квалитетот на живеење во општината и подобрување на здравјето на луѓето.

Сподели