Волци го сардисаа Кратовско

Петок, 22 Јануари 2010 20:14 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

 

Глутници волци, најчесто по 5-6 во група, последниве две зими направија големи штети во Општината Кратово и околните села. Селаните раскажуваат дека прегладнетите волци го напаѓаат добитокот, посебно ситниот добиток и се случувало некои денови да задават и по 8-10 грла по сопственик. Еден од таквите случаи е со сопственикот на кози Здравко Митевски од село Железница, на кого волците пред некое време му заклале 8 кози.

Ловџиите од Кратово велат дека неколкугодишната забрана за убивање волци е причината за нивната наезда во околината на Кратово.

Искусниот кратовски ловџија Стое Ангелов со неколкумина свои пријатели неодамна отстрелал волчица од 50-тина килограми, две лисици и две белки. Дивите животни биле застрелани во атарот на кратовското село Татомир. Искусниот кратовски ловџија Стојче Тодоровски од с.Туралево беше најуспешен стрелец во последната успешно организирана хајка за отстрел на штетен дивеч во ловиштето број четири, во село Живалево, во местото викано Јанкови ниви. Беше отстрелан еден волк, тежок околу 60kg. Наредната недела повторно беше организирана уште една ваква хајка, беа пронајдени волци во поголем број, но овој пат волците излегоа поитри од ловџиите бидејќи успеаа да се пробијат меѓу обрачот од ловџии, а некои од волците беа ранети. Александра Давиткова

 

Сподели