Матурантката Кристина Ивановска од СОУ „Митко Пенџуклиски“
под менторство на професор Македонка Цветкова, на државниот натпревар по биологија што се оддржа изминатиот викенд на Природно математичкиот факултет во Скопје го освои второто место. Кратовското средно училиште може да се пфали со уште една награда, за која се потруди Драгана Спасовска од прва година, која го освои третото место.
Сите учесници (ученици и нивни ментори) на Вториот државен натпревар ќе добијат сертификати за учеството и сертификати за освоените награди или пофалници.
