За 271 средношколец во Кратово учебната година започна во реновирана гимназија

Среда, 02 Септември 2015 13:07 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

altЗа 271 средношколец во средното општинско училиште „Митко Пенџуклиски“ во Кратово, новата учебна година започна во нов, далеку подобар амбиент од претходната година. Преку Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието - ПМИО успешно се заврши реконструкцијата на кровот во текот на месец август. Самото потпишување на меморандумот за соработка помеѓу општината, средното општинско училиште, и Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието - ПМИО имаше за цел да се обезбеди стимул за училиштето и локалната самоуправа односно доделените средства да се искористат за реновирање на училиштето за да се создаде подобра средина за учење.

-Со средства од износ околу 1.500.000 денари беше извршена реконструкција на кровот во училиштето, стариот дотраен кровен покривач од азбест цементни табли беше заменет со пластифициран лим, како и замена на дел од граѓата од носечката дрвена конструкција. Поголемиот дел од овие средства, или околу 20.000 евра беа обезбедени преку УСАИД, а остатокот од сопствени средства и учество на локалната самоуправа. altИзразувам благодарност до градоначалникот Мите Андоновски и благодарност до училиштето „Исмет Јашари“ од Липково за одличната соработка. Покрај овој зафат, се реновираа и две училници, во тек е замена на стариот под со ламинат во пет училници, исто така се реновираат тоалетите во малата спортска сала. Сменивме и неколку врати и прозори во училиштето со нови од ПВЦ материјал, а поставивме и фиксатори за заклучување на велосипеди во школскиот двор. Одредени градежни зафати правиме и во ученичкиот дом, каде се реновира трпезаријата - истакна директорот Тони Јанев.alt

Сподели