Вкупно 11 деца биле родени на подрачјето на Општина Кратово во текот на четвртото тримесечје од 2019 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во наведениот период починале 29 лица, што значи негативен прираст од 18 лица за период од три месеци. Склучени се 8 бракови, а разведени еден брачен пар.
Негативен природен прираст имаат и во Крива Паланка.
Бројот на починати во Крива Паланка во последните три месеци од 2019 година изнесувал 49, а се родиле 39 деца. Се склучиле 40 нови бракови, а ниту еден пар не се развел.