Загина кратовчанец во судир на воз и камион

Петок, 20 Јули 2012 11:59 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Во сообраќајна несреќа утринава околу 10:45 часот загинал Борче Јовановски од Кратово. Како што информираат од полицијата, возот кој сообраќал на релација Гевгелија–Скопје, кај преминот Ногаевци кај Велес, удрил во камион сопственост на АД „Гранит“, управуван од Борче Јовановски од Кратово. При сударот, возачот на камионот починал на местото на несреќата. altЖртвата управувала камион на градежното претпријатие „Гранит" кој бил натоварен со материјали потребни за изградба на мостот кај Ногаевци. Во критичниот момент возачот на камионот не го забележал возот кој сообраќал на релација Гевгелија - Скопје. Возот директно удрил во него, а возачот починал на самото место. На местото на несреќата излегоа истражен судија и полиција.

„Возилото е тотално уништено. Тешко е оштетена и локомотивата и првиот вагон. Камионот, иако бил полн, ударот бил многу силен, па затоа делови од материјалот има на железничкиот премин кој во голема мера е уништен"- рече истражниот судија Бојанчо Донев.

Трагедијата го попречи железничкиот сообраќај, но работници на Македонски железници работат на отстранување на градежниот материјал кој исто така ја оштети и железничката линија.

alt

Сподели