Во рамки на кампањата „Македонија без отпад 2014“, што ќе се одржи на 18-ти Октомври 2017 год. (сабота), Општина Кратово ги известува граѓаните дека собирна локација ќе биде Карши Бавча. Акцијата е дел од националната кампања која се состои од активности за чистење на отпад, едукација и промоција и ќе се реализира на целата територија на Р.Македонија. Целта на кампањата е да се развие свест кај граѓаните за правилно управување со отпадот и да се развијат механизми за поддршка на граѓаните, општините и другите засегнати групи за подобро да се справат со неорганизираното и незаконско фрлање отпад во нивните заедници. Акцијата во Кратово започна денес со акцијата која ја спроведоа учениците од СОУ МИТКО ПЕНЏУКЛИСКИ во кругот на училиштето.
https://www.facebook.com/media/set/?set=a.10152767988779323.1073741834.130555074322
