Започна изградбата на патот во с.Трновац (ФОТО+ВИДЕО)

Сабота, 25 Јануари 2014 16:00 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Денеска стартуваше изградбата на локалниот пат за поврзување на кратовското село Трновац со регионалниот пат Кратово – Страцин. Патот во должина од 4,3 километри ќе чини околу 20 милиони денари, пари обезбедени преку проектите на Програмата за рурален развој.
-Почнуваме со реализација на патниот правец со должина од 4,3 километри од регионалниот пат во Кратово до селото Трновац, а во фаза на реализација во следниот период ќе бидат уште два проекта, уличка во село Туралево и пат од Шопско Рударе до манастирот „Свети Илија“ – истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.
Преку Програмата за рурален развој се подобрува квалитетот на живеење во руралните средини, а се подобруваат и туристичките потенцијали на општините во кои се инвестира. Градоначалникот на Кратово, Мите Андоновски, потенцираше дека и други патни правци во општината ќе продолжат да се градат.
- Ќе напоменам дека во Општина Кратово и оваа година ќе продолжиме со изградба на патишта. Треба да го завршиме патот од село Каврак до браната Злетовица, долг околу 2,5 километри и кој чини околу 18 милиони денари, и да го завршиме патниот правец од село Вакав до Шопско Рударе – изјави градоначалникот Мите Андоновски.
Трите проекти кои ќе се реализираат во Општина Кратово ќе чинат околу 500.000 евра.   Оливер Арсовски

alt

Сподели