Викендов во хотелот „Кратис“ во Кратово се одржа првиот настан од предвидените три во рамки на проектот „Волонтерски сервис за помош на стари лица и лица со посебни потреби“. На настанот покрај претставници на партнерските организации, членови на волонтерскиот клуб, претставници на институции, присуствуваа и педесетина претставници на лица со посебни потреби, членови на нивните семејства и стари и изнемоштени лица.
Настанот беше поделен во два дела и тоа работен и неформален дел. Во работниот дел беа претставени проектните цели и активности како и улогата на партнерските организации и институциите во насока на подобрување на состојбата со целните групи на локално ниво. При тоа се обратија: Борјанчо Мицевски, Љупчо Ангеловски, Славица Коцевска и Лиде Стојановска. За законската регулатива зборуваше Катерина Стефановска како раководител на Центар за социјални работи Кратово. Иницијативата за отворање на дневен центар и специјализирана паралелка за лица со посебни потреби ја образложи координаторот на младинскиот волонтерскиот клуб МИК, Јасмина Давитковска.
Во вториот дел од средбата се остави повеќе простор за меѓусебно дружење и разговор. Од страна на учесниците беше потенцирано дека вакви настани треба да се организираат почесто, и дека бројката од 25% или околу 2500 на население кое е над 60 години и 1,5% или околу 150 лица од кои 47 до 26 годишна возраст, на лица со посебни потреби, се бројки кои треба обврзуваат за поголемо внимание на заедницата но и на сите нас како поединци. Не постоењето на специјализирани установи, соодветна инфраструктура, немање на соодветни помагала, немање пристапни рампи, амбуланити во руралните средини се само дел од проблемите со кои се соочуваат овие лица.
Настанот се искористи за поголема промоција на потребите на овие целни групи за институционално третирање на нивните проблеми и потребата од поголема грижа, љубов и внимание.
Следниот месец, по повод 150 години од постоењето на Црвениот Крст ќе се организира вториот настан во рамки на овој проект.
извор - Регионален центар за одржлив развој - Кратово