Заврши драмата во планинските села, спасен човечки живот

Петок, 10 Февруари 2012 17:54 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

altпишува - Оливер Арсовски

Жителите на планинските села Каврак и Мушково може да здивнат, барем за кратко, затоа што вчера со судни маки беше пробиен патот до продавницата во село Каврак. За натчовечките напори кои беа вложени за пробивање на патот и спречување на хуманитарна катастрофа, здружението на граѓани „За ваше добро“ изрази благодарност до надлежните фактори кои учествуваа во акцијата.

-Голема блаодарност до градоначалникот Мите Андоновски, ЈКП „Кратово“, вработените во Центарот за управување со кризи, и најмногу до оние 15-тина жители на Каврак и Мушково кои три дена го расчистуваа огромниот снежен нанос кај Лисец. Во овој момент патот е прооден за џипови и сите што имаа свои блиски во овие села, може да им достават храна и лекови. Сепак, најголемата благодарност ја упати една постара болна жена, која вчера беше згрижена во болницата во Куманово и нејзиниот живот е спасен - се вели во изјавата на ова здружение.

Сподели