Зелениот пазар ќе работи во четврток од 7 до 13 часот

Среда, 15 Април 2020 15:55 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Градскиот зелен пазар ќе биде отворен во четврток на 16 април 2020 год., а во насока на запазувањето на мерките за заштита од вирусот Ковид-19 на Министерството за здравство ќе работи од 07 до 13 часот со продажба на земјоделски и прехрамбрени производи.

ЈП Кратово ќе изврши распоред на тезгите и ќе преземе мерки за заштита со поставување на дезинфекциони средства на самиот влез на пазарот, додека продавачите се должни да носат соодветна лична заштитна опрема и де се придржуваат кон пропишаните мерки на Владата на РСМ.

Часовите од 10 до 12 кога е дозволено движење за лицата над 67 години, пазарот да го посетуваат повозрасните лица, додека пред и потоа сите останати граѓани и на тој начин да се намали ризикот.

Граѓаните да носат заштитни маски и ракавици, да не се собираат во групи и строго да се придружуваат согласно препораките на надлежните институции.

84224914_2622856387961651_4758792943282683904_n

Сподели