Жителите на планинските села апелираат за помош

Недела, 05 Февруари 2012 18:37 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

alt

Неколку села во планинскиот регион се завеани од големите снежни врнежи, кои им направија огромни проблеми на околу 200 жители на овие села. Тие апелираат за итна реакција на надлежните институции за да се спречи хуманитарна катастрофа на луѓето кои живеат таму. Резервите со храна се при крај, а имало и болни старици на кои итно им требало медицинска помош, се пожалија неколкумина граѓани чии родители живеат во планината.

Општината Кратово се обидува да го рачисти патот кој води до планинските села Кнежево, Емирица, Луково, Каврак, но со механизацијата која им стои на располагање многу тешко оди расчистувањето на патот, на кој има наноси од снег некаде и над 1 метар. Според надлежните служби, пробивањето на патот се одвива тешко, а дополнителна грижа им носи и временската прогноза и најавите за нови снежни врнежи ноќва.


Сподели