Со задоволство сакаме да ви го најавиме деветтото издание на Рудар Рок Фест. Рок настан кој ќе се одржи на повеќенаменското игралиште во Градски парк - Пробиштип на 25 Август (петок) 2023 година во рамките на културните денови по повод 28 Август – Денот на рударите и големиот христијански празник - Пресвета Богородица.
И оваа година се обидовме да ги заживееме основните карактеристики на овој рок настан од претходните години - хард рок музиката и промовирањето на нови бендови од македонската рок сцена. Па така посетителите ќе имаат можност да уживаат во хард рок, панк и метал звуци на нашите изведувачи.
На Рудар Рок Фест 2023 година ќе настапат младиот хард рок бенд PrekuRed , кои скоро го издадоа својот прв албум Хаос. Понатаму, прогресив-рок бендот Beseda Band , победници на последното издание на Лузер Фест. Нашите Прв Ред , во нивниот препознатлив панк-рок стил. По примерот на ланската година и за 2023 повикавме кавер бенд Ashborn кој ќе отсвири големи хитови од историјата на рок музиката. За љубителите на тешките метал звуци за оваа година ги имаме амбициозните MamutOfficial . И за крај се одлучивме да имаме едно истакнато име од македонската рок сцена од осамостојувањето а тоа се алтернативниот рок бенд Last Expedition .
Поздрав со рударското СРЕЌНО! И со задоволство ве очекуваме на 25 во Градски парк – Пробиштип.
