Проверката на „Вистиномер“ покажа дека жената од фотографијата нема никаква врска со „баба од Русија која го нуди тајниот рецепт“. Оваа фотографија може да се најде на сајтовите за продажба и да се купи за помалку од 10 евра. „Тајниот рецепт“, пак, водата од кормид, не е препорака од лекарите за лечење на висок притисокÂ
Пост на Фејсбук ја манипулира јавноста дека баба од Русија имала таен рецепт за висок крвен притисок и за покачен шеќер во крвта.
Оваа баба го откри тајниот рецепет, се вели во постот
Постот е придружен со линк од напис во кој се посочува дека 75-годишна баба од Русија со помош на кромид го регулирала високиот крвен притисок. Во прилог на написот има фотографија од една старица и секако рецепт од „волшебниот напиток“.
Науто сварете една главица кромод (околу 300 грама) со 250 милилитри вода. Варете од 8 до 10 минути.Течноста поделете ја на три дела и испијте една половина половина час пред доручек, другата пред ручек и третата половина пред вечера. Третманот применувајте го 10 дена без прекинување,а потоа се прави пауза, се вели во написот.
Проверката на „Вистиномер“ покажа дека возрасната жена прикажана на фотографијата нема никаква врска со „баба од Русија која го нуди тајниот рецепт“. Оваа фотографија може да се најде на сајтовите за продажба и да се купи за помалку од 10 евра. Па така, жената освен што е претставена како баба од Русија со таен напиток за крвен притисок, таа е употребена и како илустрација за реформите во системот за грижа за стари лица во Израел, но и како илустација за текст во кој се зборува за тоа што би се случило доколку мажот ја предаде родената мајка и ја избере сопругата.
Што се однесува до тајниот рецепт за висок крвен притисок, мора да напоменеме дека кромидот дефинитивно не е препорака од лекарите за лечење на висок притисок.
Високиот притисок е сериозна здравствена состојба и тој на долг, па и на пократок рок (ако е превисок), може да биде убиец, посочува д-р Александар Митов на својата официјална веб-страница.
Тој наведува неколку најзначајни животни навики кои значително помагаат во превенцијата, а некои и во самиот третман од високиот крвен притисок. И Секако никаде не го спомнува кромидот.
- Â Сведете го внесот на сол на минимум и внимавајте на т.н. скриена сол која може да се најде во многу производи
- Â Консумирајте помалку заситени масти, а повеќе здрави масти и целозрнаста храна богата со растителни влакна.
- Â Имајте редовна физичка активност.
- Намалете го внесот на кофеин! (пијте слабо засладени пијалаци, наместо кафе, кока кола и енергетски пијалаци)
- Најдете начин со кој ќе се справувате со стресот.
- Намалете ја телесната тежина или не дозволувајте да се здебелите.
Слични совети можат да се најдат и на веб-страницата на примариус д-р Самарџиски. Кај пациентите со висок крвен притисок се препорачува: Физичка активност (брзо одење 20-30 минути/ден, фудбал, тенис, кошарка), престој на чист воздух, одржување на телесната тежина блиску до идеалната (треба да ја одреди лекар според индексот на телесна маса), редовна и здрава исхрана, редовни лекарски контроли, по однапред направен распоред, дури и ако нема тегоби, еднаш годишно контрола кај пациенти со регулиран крвен притисок, ако нема тешкотии од било кој вид, редовно земање на лековите и спроведување на постапките за здрав начин на живот и здрава исхрана, онака како што е препорачано од лекар, грижа за сопственото здравје и добра регулација на крвниот притисок.
И тука никаде не се советува да се пие вода од кромид. Водата од кромид како лек против висок крвен притисок (хипертензија) не се наоѓа ниту во Упатството за медицинското згрижување при хипертензија донесено од Министерството за здравство.
Од сето ова можеме да заклучиме дека постот што го рецензираме содржи дезинформации. Водата од кормид не лекува висок крвен притисок и ваквите тајни рецепти во никој случај не смеат да се земаат на своја рака без консултација на лекар специјалист, бидејќи можат да доведат до несакани последици по здравјето. Бабата претставена во постот дефинитивно не е бабата од Русија со тајниот рецепт. Според сето тоа, постот го оценуваме како невистинит.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар